МАКЕДОНСКИ ОРА

thumbs
Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција.

Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да се поделат во пет регионални групи: западни, југозападни, јужни, северни и источни.
Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите.

Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ,  Водици,  Велигден,  Ѓурѓовден,  Спасовден,  Петровден), државни празници, венчавки, обично на сред село, пред црквите, училиштата и куќите.


Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце, или за рамиња, или за појасите, или под рака или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои може да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се вијат обично на десно, но има и ора што се вијат на лево.

Ората се придружувани од народни инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Чалгииските дружини, кои обично имаат виолина, кларинет, ут, лејта, канон и дајре се карактеристични за градовите.

Македонските ора обилуваат со кореографски движења како: полу-свртување, клекнување, потскокнување, подрипнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други.

Промената на ритамот се јавува кај повеќе ора, и тоа обично од бавно кон брзо.

Во нашата татковина – Македонија постојат различни видови ора. Најпознати од нив се: Правото, Пајдушкото, Елено моме, Чупурлика. Постојат и други видови ора кои се применуваат во одреден дел од нашата држава.Ние се гордееме со играорците кои не претставуваат во другите држави во Европа и во светот.Играорците кои играат оро нисат народни носии кои припаѓаат во тој град. Ората се танцови кои се наша традиција (се пренесуваат од колено на колено).

Видови македонски ора: Адана, Баба Ѓурѓа, Беранче (машко оро), Беровка, Буковско свадбарско, Воденско, Касапско, Малешевка, Невестинско, Осоговка, Пајдушко, Потрчано, Право Тиквешко, Ратевка, Русалии, Тешкото, Тиквешко, Тоска, Црногорка, Чамче, Чучук, Шефкиево.



Коментар